На Пониква се е спремно за дочек на посетителите во време на празниците. Убава природа, чист воздух, погата понуда од угостителите, уште само малку да се собере сметот и сликата ќе биде како во некоја „идилична приказна“.
Чегата на страна, вака на ден пред мајските празници изгледа „Пониква“, човек да дојде, да ја посети и никогаш повеќе да не му екне да се врати.
Ако им е да гледаат смет можат со своите возила да си застанат кај депонијата и без да влегуваат во нејзиниот круг да го гледаат и да уживат во сметот што го истовараат камионите од комуналното претпријатие од Виница.
Како што помтиме вече четврта деценија се најавува дека Пониква ќе стане туристичка атракција ама како што се движат работите тоа само во некој убав сон.
Срамота и за тие што го фрлаат сметот а и срам до двете општини Кочани и Пробиштип кои уште не најдоа заедничко решение кој ќе го собира и финансира собирањето на сметот.
А срамот паѓа и на товар на сопствениците на угостителските објекти кои не се заинтересирани да си набават контејнери од кои ќе им се собира сметот, нормално за некоја прифатлива цена.
Што и да е, како и да е, ова е сликата што утре ќе ги пречека сите оние љубители на природата кои ќе рескираат да ја посетат Пониква.
Никако да се научиме на грешките.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ