Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Балканец 2008“, денес во Штип во Спортската сала „Јордан Мијалков“ се одржа „Државното првенство во борење слободен стил, и борење за жени – кадети/ки У-17“ со што и официјално се спушти завесата на годинешниот шампионат.
На првенството екипата на „Спартак“ учествуваше со шест борачи кои освоија еден сребрен и еден бронзен медал.
Јован Илијев настапи во категоријата до 51 килограм и го освои сребрениот медал, додека носител на бронзата е Филип Ангелов кој настапи во категоријата до 80 килограми.
Матеј Максимов (до 80) и Адријан Коцев (до 92) завршија како петти, додека без пласман останаа Филип Јакимов (до 60) и Столе Јангеловски (до 65).
На првенството во Штип учествуваа повеќе од 70 натпреварувачи.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ