ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

јуни 10, 2024
1 min read

Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 17 јуни 2024 година треба да го пријават своето учество на турнирот.

Екипите треба да уплатат котизација во износ од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани (210041087870107), да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.

Пријавите може да се земат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.

Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации може да се добијат на телефоните 077 881 346 или 072 275 610.

Првата награда на најуспешната екипа на турнирот ќе биде во износ од 60.000 денари, втората од 30.000 и третата во износ од 15.000 денари.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ