Шест борачи членови на БК „Спартак“ од Кочани обезбедија виза за учество на Балканското првенство во борење за пионери, кадети и младинци, момчиња и девојчиња кое од 03-06 ќе се одржи во Скопје.
Борачите поминаа пеколни подготовки за ова првенство кое за многумина ќе значи поттик во градењето на кариерата.
Борачите на „Спартак“ прво имаа екипни подготовки на „Пониква“ а потоа како членови на репрезентацијата и десетдневни подготовки во Штип.
Славица Митева (42 килограми), Стојана Митева (46 килограми), Јован Илиев (48 килограми), Даријан Павлев (62 килограми), Павел Темелков (68 килограми) и Филип Ангелов (75 килограми) се членовите од „Спартак“ кои Скопје ќе стартуваат во лов на медали.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ