ПРОДОЛЖУВА ПОБЕДОНОСНИОТ ОД НА КОЧАНЧАНКИ

Во Спорт
октомври 14, 2024
1 минути

За време на викендот се одиграа натпреварите од 5-тото коло во втората Фудбалска Лига за жени. Во четирите одиграни натпревари сите победи ги забележаа домашните екипи со гол разлика 34:1.Екипата на Кочани ја забележа и петата победа и осамена е на врвот на табелата. Кочанчанки на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ја совладаа екипата на „Слободен“ со 11:1 (5:0)

Салихи постигна 4 погодока  (7’47’69’73’), Горгиева 3 (11’23’43’), Велкова 2 (31’56’) Манасиева 1 (52’) и Милеска 1 (62’), а единствениот погодок за гостите е дело на Стојаноска во 88’.

Резултати од 5-тото коло:

Кочани – Слободен  11:1

Вардар – Порече  5:0

Билјанини извори – Победа 16  10:0

Плачковица – Борец  7:0

Во следното коло „Кочани“ и гостува на „Победа 16“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ