РЕЦИТАЛ ПО ПОВОД ДВАТА ПРАЗНИКА

февруари 14, 2022
1 минути

По повод двата празника „Свети Трифун“ и „Свети Валентин“ во читалната на јавната Општинска Установа, Библиотека „Искра“ во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ и членовите на ЛК „Копнеж“ – Кочани се одржа рецитал на кој освен поезија, се читаше проза и афоризми посветени на денешното празнување.

Манифестацијата ја отвори директорот на ЈОУ Библиотека „Искра“, Коце Стоименов кој освен за манифестацијата.

Во пресрет на одржувањето на поетското читање од библиотека „Искра“ најавија дека во тек се подготовките за одбележувањето на 21-ви февруари, „меѓународниот ден на мајчиниот јазик“ кој библиотека „Искра“ традиционално го одбележува со повеќе активности.

С. Ивановски