Со големо задоволство споделуваме дека ДПД Кочани зема учество на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, во организација на DVD Općine Marčana.
Во силна конкуренција од 15 екипи, нашата екипа го освои одличното 7. место

Голема благодарност до организаторите за беспрекорната организација и гостопримството! Ваквите настани не се само натпревари – тие се можност за стекнување нови искуства, размена на знаења и градење пријателства.

Токму тие врски и искуства се од огромно значење за афирмација на нашата работа и за унапредување на пожарникарството како професија.
Продолжуваме посветено и гордо да ја претставуваме нашата заедница!

ДПД Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
