ЦЕВКИТЕ ОД РЕКОНСТРУИРАНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ИЗДРЖАА ПЕТНАЕСЕТ ГОДИНИ

мај 1, 2026
1 минути

Сведоци сме на речиси секојдневно раскопување на улиците во Кочани од причина што се случуваат најчесто дефекти на водоводната мрежа.

Деновиве еден таков дефект се случи на улицата „Маршал Тито“ кога улицата се раскопа и сообраќајот се потешко се одвиваше.

Дознаваме дека била пукната водоводна цевка ФИ-90 и тоа на здравиот дел а не на приклучоците.

Чудно е што Реконструкција на водоводната мрежа на оваа улица како и на останатите најпрвин во централното Градско Подрачје а потоа и кон периферијата беше во летните месеци во 2010 година.

Изведувач на работите беше компанијата „Жикол“ од Струмица додека и тогаш а и сега е непознато од која компанија беа набавени водоводните цевки со толку лош квалитет.

КЈП „Водовод“ го отстрани дефектот па сега претстои Општина Кочани да најде компанија што ќе го прописно тампонира тој потег од улицата за да потоа се постави и нов асфалтен слој.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ