Денес Околу 11:00 часот кај „Дивите градби“ или за жителите на Кочани место викано „Антените“ избувна пожар. Како што дознаваме запалена е сува трева а и дивата депонија која ова население со денови ја создава.
Пожарот бргу се проширил па според некои медиуми стугнал и до куќите од населбата „Трајаново трло“.
Екипи од ТППЕ – Кочани излезени се на терен и според информациите пожарот е ставен под контрола.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
