Денес во дворот на започнатата пред тринаесет години црква свето Благовештение во населбата „Драчевик“ беше поставен и осветен камен темелник на крстилница, дар од сестрата и братот Ленче и Теодор Лазарови кои за жал не се повеќе меѓу нас.
Чинот н осветувањето го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион во присуство на свештеници од храмот „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ од кочани.
„Денеска поставивме камен темелник за крстилница посветена на светиот Теодор, којашто воедно ќе се користи како зимска црква. Ктитори на светиот храм се починатите брат и сестра Ленче и Теодор Лазарови од Кочани, кои оставија аманет и средства да се изгради храм поветен на свети Теодор за спасение на нивните души, за спасение на нивните починати а воедно и за благолов на нивните блиски роднини, пријатели и сограѓани кои живеат во градот, На нив им посакуваме блажен и мирен спокој во царството небесно“, рече Митрополитот Брегалнички Иларион.
Митропочитот Брегалнички Иларион околу изградбата на ова комплетно свето место додаде: „Замолувам и повикувам, најнапред општината Кочани бидејќи има од двете страни улици мислам дека тоа е и нивна должност да ги направат потпорните ѕидови за да може дворот да се уреди а исто и храмот кој што веќе е при крај посветен на светото Благовештение да го привршиме и него да го осветиме и така да овој дел од градот покрај сите други работи го добие и велелепниот храм кој што е најпотребен како духовен центар и место за прибирање на верници“.
С. Ивановски