КАРАТИСТИТЕ ЈА ЗАПОЧНАА ЖЕТВАТА НА МЕДАЛИ

Во Спорт
април 3, 2022
0 минути

Во организација на Карате Федерацијата на Северна Македонија и на Карате Клуб „Фунакоши Гичин“ во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Фунакоши Гичин – Опен“.

Годинава на турнирот зедоа учество 550 каратисти од клубовите од Македонија, Србија и Црна Гора.

КК „Кочани“ на турнирот учествуваше со 7 натпреварувачи кои освоија 5 медали од кои 1 сребрен и 4 бронзени.

Среброто го освои Петар Николов во категоријата „јуниори“ до 76 кгр. а додека бронзите се најдоа на градите на:

Наталија Карова – „кадети“  до 47 кгр.

Сандра Настеска – „кадети“ до 54 кгр.

Иван Арсов – „кадети“ +70 кгр.

Наталија Веселиновска – „јуниорки“ +59 кгр.

КК „Паризан“ на турнирот учествуваше со 3 натпреварувачи кои освоија 2 бронзени медали, Ѓорѓи Естатиевски до 57 кгр. и Филип Стојанов до 63 кгр.

И двата клуба од Кочани по долга пауза предизвикана поради пандемијата со Ковид 19, се најдоа на едно вакво натпреварување а резултатите се повеќе од задоволителни.

С. Ивановски