УКРАДЕНА ОГРАДАТА ОД „ГОЦЕВА ШУМА“

мај 8, 2022
1 минути

Продолжува крчмењето на заедничките добра затоа што никој досега не откриен и не е изведен пред лицето на правдата.

Една непријатна глетка деновиве забележавме на релацијата Кочани-Гратче.

Имено некој „паметен“ си ја извадил оградата што ја штитеше „Гоцева шума“ и си ја однел по се изгледа за негови потреби.

И сега при вакви појави веднаш се вклучуваат поединци со апели дека просторот треба повторно да биде ограден, па повторно од собрани пари од сите граѓани на општината ќе се купи ограда за да пак се најде некој „најпаметен“ и таа да си ја земе.

Да извади некој толку метри ограда и некаде да ја однесе без да биде забележан е малку чудно како и се друго. Кога сите ќе почнеме да размислуваме дека сето тоа е наше заедничко и да оној што ќе го забележиме бидеме токму ние граѓаните што ќе го пријавиме.

Се додека не проработи совеста кај народот се некој ќе биде „најпаметен“ од многуте „паметни“.

С. Ивановски