ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ВИТА ПОП ЈОРДАНОВА“ ПРАШУВААТ: ЧЕКАМЕ ДЕСЕТ МЕСЕЦИ, ДО КОГА ДА ЧЕКАМЕ ?

јули 25, 2022
0 минути

По синоќешната објава за проблемите на жителите од улицата „Иван Иванов Балаш“ со незавршената до крај работа од страна на екипите на КЈП „Водовод“ – Кочани, денес со реакција се јавија жителите од улицата „Вита Поп Јорданова“.

„Прочитавме за проблемот кој го имаат нашите сограѓани од улицата Иван Иванов Балаш и сакаме да им порачаме дека ќе бидат пресреќни доколку нивниот проблем им се заврши за месец до два бидејќи нашиот е веќе десет месеци. Минатата година требаше да се смени една од водоводните цевки на нашата улица. Пред изборите дојдоа екипи одбележаа со сина боја ја прекопаа улицата, поставија водоводна цевка  и така отворена ја оставија. По изборите дојдоа други тие пак бележаа со црвена боја и пак си заминаа. Сега после близу десет месеци работата си стои недовршена. Чекаме кога се ќе се заврши, ископот е се подлабок но никој нема да дојде и да го заврши она што им е нивна обврска а ние преку разни  такси токму нив ги плаќаме. Затоа на почетокот кога рековме дека доколку на нашите сограѓани им се реши проблемот за месец до два тие треба да бидат пресреќни во спротивно како ние со месеци ќе се нервираат и ќе барат некоја помош токму преку медиумите бидејќи сите останаа глуви на нашите повици“ е содржината на писмото кое ни го испрати група жители од улицата „Вита Поп Јорданова“ од Кочани.

С.  Ивановски