Почитувани,
Би сакале да ве известиме дека во периодот од 04-10 јули и во периодот од 07-13 август претставници од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани присуствуваа на транснационални состаноци и обуки кои се одржаа градот Лудбрег во Р.Хрватска и во градот Велење во Р.Словенија во Велење како дел од проектот „Virtual Reality based educational approach in tackling of Climate Chage“. Партнери на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани во овој проект се невладини организации и основни училишта од Р. Грција, Р. Хрватска, Р. Словенија и нашата држава.
Овој проект се однесува на преземање на активности со кои ќе се влијае на заштеда на ресурси, намалување на употребата на енергија и отпад, компензирање на емисии на јаглерод диоксид, зголемена употреба на обновливи извори на енергија, еколошки транспорт итн. Како дел од овој проект ќе се развие образовен софтвер со помош на кој ќе се зголеми интересот и постигнувањата на учениците, а во исто време ќе се подигне свеста за начинот на кој може да се влијае врз ублажување на климатските промени. Првата обука се одржа во периодот од 04-10.07.2022 година,во Лудбрег – Р.Хрватска, заедно со наставници од градот Велење – Р.Словенија, Сирос – Р.Грција и Лудбрег – Р.Хрватска.
На овие обуки наставниците се запознаа со можностите за искористување на обновливите извори на енергија (сонце, ветер и геотермална енергија). Во период кој следеше потоа , наставниците се запознаа и со опремата што ќе се користи во текот на активностите од овој проект поточно визуелните очила , но исто така учесниците беа запознаени и со имплементацијата на прашањата поврзани со климатските промени, искористувањето на обновливите извори на енергија и енергетските ресурси во училишните часови и врз основа на сето ова учесниците поточно наставниците поделени во тимови изготвуваа дневни подготовки со содржини кои се поврзани со климатските промени , а кои подоцна тие како наставници би ги реализирале во училиштата. Втората обука се одржа во периодот од 07-13.08.2022 година во градот Велење во Република Словенија и на оваа обука наставниците проследија модули за користење на е-Twining платформата, креирање на акаунт за секој наставник посебно и можност за вмрежување со други училишта.
Активностите од овој проект продолжуваат и понатаму со тоа што следната средба и обука на сите учесници во овој проект ќе се реализира во нашиот град во периодот од 05.09-10.09.2022година.
Во прилог на овој e-mail ви го доставуваме и официјалното известување од училиштето и ве замолуваме доколку сте во можност да го објавите овој настан во вашиот медиум.
Со почит
Даниел Кралев
Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани