ЧЕТИРИЕСЕТ МЛАДИ БОРАЧИ НА ПОДГОТОВКИ ВО КОЧАНИ ПРЕД БАЛКАНИЈАДАТА И МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ

Во Спорт
октомври 23, 2021
1 минути

По повод одржување на Балканијада за кадети U15 и Медитерански игри за кадети и јуниори што ќе се одржи во Р.Грција, Ксанти во периодот 28-31 октомври 2021година во Кочани се одржаа организирани подготовки во Градската спортска сала “Љупчо Сантов”-Кочани на 40 борачи репрезентативци кои ќе земат учество на претстојното првенство.

Подготовките се реализираа со тренерите Горан Стојанов, Нехат Џафери, Горан Атанасов, Ангел Стефанов и Игор Неделковски, а како координатор од БФРСМ, Ахмед Адеми. Денес ги посети целокупното раководство на бодечката федерација на чело со претседателот Дејан Богданов.

Одблиску се запознаа со целокупниот тек на пдготовките, а на спортистите и спортските работници беше поделена репрезентативна спортска опрема.

Меѓу присутните беше олимпиецот Мохамед Ибрагимов спортскиот директор Сократ Ефтимовски и претставник од судиите, Игор Христов.