Заврши реализацијата на проектот ,,ХА-ХА-ХА! АЗБУКА НА КОМЕДИЈАТА“ – реализиран од тајфата на академскиот уметник Орхан Ќамил од Кочани, а финансиран од Министерството за култура. Сликањето на муралите се одвиваше четири дена и се адаптира на амбиентот и на програмата на Театар Комедија и Бистро Комедија. Учесниците во проектот – Викторија Митева, Данче Ефтимова, Давид Јосифов и Павел Николов од Кочани – со сопствен ликовен израз и претходно искуство во работа на мурали, под раководство на Орхан Ќамилов, се заблагодарија за остварената визија.
Просторот нуди повторна соработка и реализација на идни проекти, а се надеваме на понатамошна поддршка на ваков тип иницијативи од страна на Министерството за култура.
ИЗВОР: НУ Театар Комедија