ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ЈОРДАН ЗАФИРОВ“

септември 24, 2022
0 min read

Денеска започна асфалтирањето на улицата „Јордан Зафиров“ во должина од 300 метри и ширина од 5 метри. Претходно при изградбата на улицата беа извршени подготовките пред асфалтирање, како што се нивелирање шахти, поставување на улични ивичњаци итн.

Во склоп на изградбата на завршетокот на улицата изграден е и паркинг простор наменет за повеќе возила.

Работите ги извршува фирмата ВЕ – Група Радовиш.

Истовремено се работи и на новоизградена улица „Смилевски Конгрес“ во должина од 190 метри и ширина од 6 метри.

Во работните подготовки пред асфалтирање на истата беше извршено ископ и тампонирање, а денеска се поставуваат улични ивичњаци. Од десната страна на улицата ќе биде изграден тротоар, а се предвидува и паркинг простор од десната страна на парцелата на новата детска градинка.

Општина  Кочани