ВО ВОЗИЛО ПРОНАЈДЕНО ОГРЕВНО ДРВО БЕЗ СООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

септември 27, 2022
1 минути

На 26.09.2022 во 20.45 часот на локалниот пат Кочани – с.Полаки, кај место викано „Пресечена скала“, при контрола во патничко моторно возило „форд“, управувано од Д.Т.(36) од Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани пронашле огревно дрво без соодветна документација.

Возилото со дрвата биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: Дневни билтени од СВР – Штип