ЗА БОГАТАТА ТРПЕЗА СО СПЕЦИЈАЛИТЕТИТЕ ОД ОРИЗ, НАЈВИСОКА ОЦЕНА

октомври 10, 2022
1 минути

По осум години пауза Горни Подлог повторно беше домаќин на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз 2022“. По зажнејувањето на полињата во атарот на селото манифестацијата се префрли во дворот на црквата „Св. Јован опсечен“ каде освен културно-забавна програма гостите можеа да вкусат и од поставените специјалитети од ориз кои беа дело на домаќинките од Горни Подлог.

Трпезата беше навистина богата а најдобрата оцена за направеното стигна од претставниците на делегациите од другите држави кои ја оценија со чиста десетка.

Секоја чест на сите оние кои допринесоа за убавата и богата со специјалитети трпеза,

С. Ивановски