Утре (Сабота) од 10:00 до 12:00 часот по повод Светскиот ден за борба против мозочен удар, пред ИМП (Итна Медицинска Помош) ќе се одржи мерење на притисок, гликемија, како и бесплатни совети, а сето тоа под покровителство на Здружението на Невролози на Македонија.
Освен во Кочани вакви настани истовремено ќе се одржат и во Скопје и Тетово.
На заинтересираните граѓани на располагање ќе им бидат Д-р Маја Шоповска Китанова и Д-р Кристина Серафимова од Невролошкиот тим на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Кочани.
Д-р Кристина Серафимова
Раководител на одделение Неврологика