ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА „СЛОГА 1934“ ЗЛАТКО НАСЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

Во Спорт
ноември 2, 2021
0 минути

Златко Насев си поднесе неотповиклива оставка на функцијата Претседател на „Слога 1934“ – Виница. Насев на функцијата стапи кон крајот на месец Март 2018 година кога клубот беше на дното во Трета Фудбалска Лига – Исток. Со тогашниот проект „Слога во Втора лига“ Насев се зафати за работа и за кратко време „Слога 1934“ се пласираше во Втора Фудбалска Лига – Исток каде и ден  денес се натпреварува и каде по девет одиграни кола е лидер на табелата со ист број бодови како и „Победа“ од Прилеп.

За поднесената оставка Златко Насев на својот ФБ профил напиша: „Почитувани љубители и симпатизери на Фудбалот во Виница и пошироко, сакам да ве информирам дека денес си поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Претседател на Слога Виница поради мои лични причини односно заминување во странство и несум во можност да ја извршувам функцијата претседател, функција која бара многу посветеност и време. На 19.03.2018 год, станав Претседател на клубот кој во тоа време се натпреваруваше во третата Македонска лига Исток и се наоѓаше на седмата позиција со освоени 15 бодови. На крајот на сезоната успеавме да завршиме на третото место со освоени 32 бода. Во следната натпреварувачка сезона ФК Слога имаше за цел влегување во ВМФЛ Исток а тоа и се оствари со десет победи од десет натпревари и гол разлика 36:0. По влегувањето во втората лига кое беше после 19 години ФК Слога заврши на високото четврто место со освоени 36 бода и гол разлика 33:34 Во оваа натпреварувачката сезона по одиграни девет кола се наоѓаме на делба на првото место со ФК Победа со освоени 22 бода и сме на добар пат да забележиме една успешна година. Сакам да изразам благодарност до Ивица Димитров досегашен градоначалник на Општина Виница и на неколку фирми како Мак Прогрес, Рото М, Дади Компани, Ледер, Обнова, и др. без кои овој проект немаше да успее. Со добивањето на ваучер од АМС во јануари кој се добива по основ на успех на предходна сезона сметката на клубот ке биде во ликвидна состојба. Се надевам дека новиот претседател секако со помош на новиот Градоначалник Миле Петков ке продолжат со овој проект нашата гордост на градот ФК Слога достојно да не претставува во иднина а зошто да не избориме и пласман во првата Македонска фудбалска лига. Во Слога бев како фудбалер како Претседател и до крајот на животот како симпатизер“.

С. Ивановски