И НАЈГОЛЕМИТЕ КРИТИЧАРИ НОВАТА ГОДИНА ЈА ДОЧЕКАА ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“.

јануари 4, 2023
1 минути

За прв пат Општина Кочани реши новогодишната прослава да се одржи на отворен простор, во „Паркот на Револуцијата“. Решија и не погрешија.

Но бидејќи ние сме народ што однапред се знаеме и сите нешта ги толкуваме по сопствено убедување без да го дочекаме конечниот исход уште додека се објавуваа фотографии од украсувањето на паркот какви се не коментари имаше по социјалните мрежи и на текстовите, сите споредуваа „таму горе“ е вака, е онака, а токму на денот на дочекот на Нова година во паркот можеа да се видат голем број од оние кои дојдоа од „таму горе“ полни со пари како брод па мораа да слават на отворено.

Самата организација и сите настани заклучно со дочекот на Новата година слушаме деновиве добиваат висока оцена.  Од организацијата на културно-забавните настани, доделувањето на пакетчињата на дечињата од првите одделенија и самиот дочек на Новата година беа повеќе од одлично организирани.

Не да немаше некои пропусти, имаше, но тие беа толку мали што се веќе нотирани од организаторите и следната година планираат и тоа да биде минато.

Па да се соберат околу илјада луѓе на отворен простор е нешто што само ја потврдува констатацијата дека се било повеќе од добро организирано.

И сега, да не се застане овде, туку да се продолжи, и во текот на годината да се организираат вакви и слични манифестации бидејќи Кочани како град тоа го заслужува.

С.  Ивановски