Околу триесетина дечиња, членови на ИО „Ластовица“ од Кочани заминаа на петдневен извиднички зимски камп на „Пониква“.
Сместувањето е во Мотел „Мице“ а извидниците во деновите од Недела до Четврток (08-12.01.2023 година) ќе ги искористат за низа активности во зимски услови.
Освен стандардните активности извидниците на кои им се посреќи да бидат во вистински зимски услови ќе имаат предавања за движење во планински зимски услови, следење траги на животни, превентива од опасности во зимски услови, како и изработка на фигури од снег.
Инаку организатор на извидничкиот зимски камп е ИО „Ластовица“ од Кочани.
С. Ивановски