Проектот на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари (Кочани) е влезен во групата на проекти подржани од годишните конкурси по одделни области и активности од културата за 2023 година (музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство) на Министерството за култура.
Наскоро ќе почнат подготовките за успешна реализација на 10-тиот меѓународен фолклорен фестивал, традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора.
Освен подготовките за јубилејниот фестивал ансамблот од вечерва ја започнува годината со Меѓународни турнеи.
Ансамблот заедно со збратимениот ФА „Бијела“ од Херцег Нови (Црна Гора) ќе бидат дел од пет дневна турнеа во Република Словенија каде фолклористите од ансамблите од Оризари и Херцег Нови ќе имаат настапи во: Птуј, Марибор, Јесенице и Крањ.
Слободното време ќе биде искористено за дружење и забави, еднократни екскурзии во Грац (Австрија) и Трст (Италија)
ФА „Љупчо Сантов“ од оризари, симболот на Македонската култура и традиција продолжува успешно да го презентира изворниот фолклор од Осоговијата во странство.
ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари