ПРВО МЕСТО ЗА ЛАЗАР ЗАХАРИЕВ ВО М1 120 КИЛОГРАМИ

март 4, 2023
0 min read

На Меѓународниот натпревар „Србија опен“ што се одржа во Владичин Хан Лазар Захариев го освои првото место.

Бодрен од трибините од сопругата Мирјана и синот Гаврил, Захариев беше убедлив во „бенч прес“ М1 – 120 килограми и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Следниот предизвик за Лазар Захариев е натпреварот што ќе се одржи во Хургада (Египед) од каде се надеваме дека ќе стигнат исто така добри вести како денес.

Многу среќа Лаки.

С.  Ивановски