АМБАСАДОРОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО СКОПЈЕ ДЕЈВИД ГИР ВО ПОСЕТА НА СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – КОЧАНИ

јануари 24, 2024
1 min read

По повод 24-ти Јануари „Меѓународниот ден на образованието“, претставници на на делегацијата на Европската Унија во Скопје предводени од Амбасадорот г-н Дејвид Гир остварија посета на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.

При посетата ценетиот гостин со членовите од делегацијата најпрвин  остварија средба со директорот Љубомир Гацов  каде што од негова страна беа запознаени со активностите во кои што учествува училиштето: Erazmus plus програмата, e,Twinning и Junior Achievement проекти.

Учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ кои што неодамна го посетија Европскиот Парламент во Стразбур имаа единствена можност да остварат средба со амбасадорот и да ги споделат нивните лични искуства од учеството во образовната активност Euroscola.

На средбата учениците ги информираа своите гости за постоењето и на други образовни активности кои што ги нуди Европскиот Парламент а стана збор и за потенцијалната соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје, во насока на понатамошно учество во слични активности.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ