All Posts By Славчо Ивановски

ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“, СРЕДБА СО ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ НА ПОЕЗИЈА, ПРОЗА И АФОРИЗМИ

Во рамките на проектот ,,Подобро општество за слепите лица во Кочани” во соработка со ,,Здружение еднакви за сите во Кочани”, се реализираше заедничка средба со литературно читање на поезија, проза и афоризми. Претседателот на здружението Жаклина Паунова Ангелковиќ и координаторот на проектот Тина Соколовска, ги презентираа целите, придобивките и активностите на проектот, како и набавката…

ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР, „РЕЛИ“ ПРВ ПОЛУФИНАЛИСТ

По еден ден пауза, синоќа (Среда) продолжија натпреварите од 22-риот Петровденски Фудбалски Турнир. Се одиграа натпреварите од второто коло од групата „А“. Во дерби натпреварот екипата на „Рели“ го совлада „Ауто велт“ со 4.2 и со максимален број на бодови по првите две кола е првиот полуфиналист. Во вториот натпревар од програмата „Астон Вила“ славеше…

НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

Во рамките на проектот за санација на Споменикот на слободата во Кочани, во тек се активностите за поставување комплетно ново осветлување. Изведувач на работите е „Електрика“ од Кочани, која деновиве врши ископ, вградување на инсталацијата и бетонирање на фундаментите за светлосните столбови. Споменикот на слободата ќе биде осветлен со вкупно 22 лед-светлосни арматури, рефлектори и…

КУЛТУРНО-ЗАБАВНИ ПРОГРАМИ ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН, ПРАЗНИКОТ НА КОЧАНИ

Со низа различни жанровски културни и забавни настани Општина Кочани ќе го одбележи Петровден, празникот на градот. Програмата ќе трае пет дена, од 10 до 14 јули. Централните настани се на 11 и 12 јули. Во пресрет на Петровден ќе се одржи вечерна празнична богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ на која ќе чиноначалствува митрополитот…

ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈ ГИ УБАВИНИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ“

Преку промоција на културно историски, верски локалитети и гастрономски специјалитети и ракотворби, викендот на месноста „Дабот“ во близина на с. Бели се одржа Завршен настан за презентирање на резултатите од проектот „Запознај ги убавините на општина Кочани“, кој во претходните дванаесет месеци во општина Кочани го имплементираа Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани во партнерство…

СЕ АСФАЛТИРА КЕЈСКАТА УЛИЦА ВО ОРИЗАРИ

Деновиве во Оризари се асфалтира улицата „Кеј на револуцијата“. Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со поплочени тротоари од двете страни и веќе поставено јавно осветлување. Проектот за улицата „Кеј на револуцијата“ опфаќа изградба на потпорен ѕид, пропусти и сливници за атмосферска вода. Изведувач на работите е „Коле транс инженеринг“. Средствата во износ…

ЛЕТЕН КАМП ЗА МЛАДИ ИНФОРМАТИЧАРИ „БИСТРИ УМОВИ“

На Пониква, на Осоговските Планини се одржува вториот Национален камп за млади информатичари, чиј организатор е Здружението „Бистри умови“ од Кочани, со поддршка од Здружението на информатичари на Македонија. На еднонеделниот камп учествуваат 12 ученици, најдобрите информатичари од државата, со кои работат по четворица професори и студенти ментори од Факултетот за информатички науки и компјутерско…

СЕ РЕКОНСТРУИРА КРОВОТ НА ОУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“

Во ОУ „Раде Кратовче“ се одвиваат градежни работи за промена на кровот. Активностите се на самиот почеток. Постапно се отстранува постојната покривна маса за да се замени старата кровна конструкција со нова. Изведувач на работите е „Бепинг констракшн“ од Кочани. Проектот се реализира со средства од Јапонската амбасада во износ од 4.332.489 денари. Според планирањата,…

ЕФИКАСЕН СТАРТ НА 22. ИЗДАНИЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

Со натпреварот „Џинџер“ – „Ауто Велт“ стартуваше годинешното 22-ро издание на Петровденскиот фудбалски турнир кој во организација на Општина Кочани во соработка со Општински Фудбалски Сојуз – Кочани се одржува на „Затворените терени“ во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“. Турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина кочани Љупчо Папазов. На првиот ден од…

НА ПЕТРОВДЕН, КОНЦЕРТ НА „НОКАУТ“

Концерт на НОКАУТ во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани 12 јули (петок), 21:00 часот Споменик на слободата – Кочани Општина  Кочани КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ