All Posts By Славчо Ивановски

ЛИЦЕ ОД КОЧАНИ ПРИЈАВИЛО ДЕКА ДОБИВАЛО ЗАКАНИ

На 18.04.2023 во 11.25 часот во Полициската станица Кочани, 54-годишен маж од Кочани, пријавил дека бил вознемируван и добивал закани од Ј.С. и Д.С.. Известен е Јавен обвинител и по комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. Соопштение на СВР Штип

ПРИЈАВА ЗА ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА ПОМЕЃУ ДВЕ ЛИЦА

На 18.04.2023 во 16.00 часот во СВР Штип, било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, со физичка пресметка помеѓу С.М.(24) и Д.Ј.(19) двајцата од Кочани. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок. Соопштение од СВР Штип

ВО САБОТА ВТОР МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“

Во организација на Шаховскиот Клуб „Кочани“ а со помош на Општина Кочани во сабота (22 април) со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Вториот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ во знак на сеќавање на една од најголемите шаховски легенди во Кочани инаку долгогодишен активен шахист а подоцна и Претседател на шаховскиот клуб…

ЕП ВО БОРЕЊЕ – БРОНЗА ЗА АХМАД МАГОМЕДОВ, РАСУЛ ШАПИЕВ ВО РЕПАСАЖ

Репрезентацијата на Македонија го освои првиот медал на Европското Првенство во борење кое се одржува во Загреб. Во категоријата до 79 килограми Ахмад Магомедов го освои бронзениот медал откако беше подобар од Арман Авагјан од Ерменија совладувајќи го со 7:4. Претходоно во репасажот Магомедов со убедливи 10:0 го совлада борачот на Шпанија Габриел Рамос. Членот…

ЗАПОЧНА НАВОДНУВАЊЕТО НА ОРИЗОВИТЕ ПОЛИЊА ВО КО КОЧАНИ

Како што информираат од АД „Водостопанство“ на Република Северна Македонија – подружница „Брегалница“ – Кочани од денес започна наводнувањето на оризовите полиња во КО Кочани, односно во месноста Босевица и Сазлк. Пред речиси една седмица (12 Април) вода беше пуштена во оризовите полиња на населбата Оризари и општина Зрновци, денес во КО Кочани а како…

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА НА ДВЕ ГРУПИ, МЕЃУ КОИ ИМАЛО И ЖЕНСКИ ЛИЦА

Соопштение На 17.04.2023 во 14.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.,,Стамен Манов“, по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(41), Џ.Д.(23), Д.Ј.(19), М.А.(65) – женско лице и 17 годишен малолетник, од една страна и С.Р.(20), А.Р.(49) и Б.Р.(49) –женско лице, од друга страна, сите од…

НОВ ВИД ПТИЦИ ВО КОЧАНСКО ИЛИ …..

Утрово наш читател забележал некој нов вид на птица (барем така пишува) и направил две фотографии. Не можел поблизу да и се приближи бидејќи птицата уплашено делувала. Кој вид на птица е ова и ние не знаевме да му одговориме, па оставаме на Вас читателите да дадете одговор доколку го знаете. Благодариме на соработката С. …

ЕДНА ПОБЕДА И ДВА ПОРАЗИ ЗА БОРАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЗАГРЕБ

Со победа и два порази борачите на Македонија го отворија Европското Првенство кое денес започна во Загреб (Република Хрватска). На програмата беа натпреварите од 1/8 финалето. Победата ја донесе Ахмад Магомедов во категоријата до 79 килограми. Нашиот репрезентативец беше доста супериорен и со 8:0 го совлада својот противник Станислав Новак од Молдавија. Следен противник на…

БК „СПАРТАК“ СО ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЗАГРЕБ

По долги години Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани ќе има свој претставник на Европско првенство во борење. Честа да го претставува „Спартак“ ја има натурализираниот Русин Расул Шапиев кој инаку потекнува од една од најдобрите школи за борење, школата од Махачкала (Дегестан). Шапиев својот настап ќе го има утре (Вторник) а во категоријата до 74…

РАЗИГРАНО ПРЕТПЛАДНЕ ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Како дел од манифестацијата „Сподели радост“ која годинава се организира по повод Велигденските празници денес „Паркот на Револуцијата“ во Кочани беше центарот на забавата. Под мотото „Ротари Велигденски игри“ разиграно, распеано и весело претпладне беше организирано за најмладите, а тие, дечињата, играа пееја се забавуваа во придружба на своите родителите, роднините и пријателите. Додека на…