All Posts By Славчо Ивановски

ЕП ВО БОРЕЊЕ – БРОНЗА ЗА АХМАД МАГОМЕДОВ, РАСУЛ ШАПИЕВ ВО РЕПАСАЖ

Репрезентацијата на Македонија го освои првиот медал на Европското Првенство во борење кое се одржува во Загреб. Во категоријата до 79 килограми Ахмад Магомедов го освои бронзениот медал откако беше подобар од Арман Авагјан од Ерменија совладувајќи го со 7:4. Претходоно во репасажот Магомедов со убедливи 10:0 го совлада борачот на Шпанија Габриел Рамос. Членот…

ЗАПОЧНА НАВОДНУВАЊЕТО НА ОРИЗОВИТЕ ПОЛИЊА ВО КО КОЧАНИ

Како што информираат од АД „Водостопанство“ на Република Северна Македонија – подружница „Брегалница“ – Кочани од денес започна наводнувањето на оризовите полиња во КО Кочани, односно во месноста Босевица и Сазлк. Пред речиси една седмица (12 Април) вода беше пуштена во оризовите полиња на населбата Оризари и општина Зрновци, денес во КО Кочани а како…

ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА НА ДВЕ ГРУПИ, МЕЃУ КОИ ИМАЛО И ЖЕНСКИ ЛИЦА

Соопштение На 17.04.2023 во 14.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.,,Стамен Манов“, по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(41), Џ.Д.(23), Д.Ј.(19), М.А.(65) – женско лице и 17 годишен малолетник, од една страна и С.Р.(20), А.Р.(49) и Б.Р.(49) –женско лице, од друга страна, сите од…

НОВ ВИД ПТИЦИ ВО КОЧАНСКО ИЛИ …..

Утрово наш читател забележал некој нов вид на птица (барем така пишува) и направил две фотографии. Не можел поблизу да и се приближи бидејќи птицата уплашено делувала. Кој вид на птица е ова и ние не знаевме да му одговориме, па оставаме на Вас читателите да дадете одговор доколку го знаете. Благодариме на соработката С. …

ЕДНА ПОБЕДА И ДВА ПОРАЗИ ЗА БОРАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЗАГРЕБ

Со победа и два порази борачите на Македонија го отворија Европското Првенство кое денес започна во Загреб (Република Хрватска). На програмата беа натпреварите од 1/8 финалето. Победата ја донесе Ахмад Магомедов во категоријата до 79 килограми. Нашиот репрезентативец беше доста супериорен и со 8:0 го совлада својот противник Станислав Новак од Молдавија. Следен противник на…

БК „СПАРТАК“ СО ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЗАГРЕБ

По долги години Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани ќе има свој претставник на Европско првенство во борење. Честа да го претставува „Спартак“ ја има натурализираниот Русин Расул Шапиев кој инаку потекнува од една од најдобрите школи за борење, школата од Махачкала (Дегестан). Шапиев својот настап ќе го има утре (Вторник) а во категоријата до 74…

РАЗИГРАНО ПРЕТПЛАДНЕ ВО „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Како дел од манифестацијата „Сподели радост“ која годинава се организира по повод Велигденските празници денес „Паркот на Револуцијата“ во Кочани беше центарот на забавата. Под мотото „Ротари Велигденски игри“ разиграно, распеано и весело претпладне беше организирано за најмладите, а тие, дечињата, играа пееја се забавуваа во придружба на своите родителите, роднините и пријателите. Додека на…

ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА РАБОТАТА НА БОРЕЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА НА КОНГРЕСОТ НА СВЕТСКАТА БОРЕЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

Во пресрет на Европското првенство во борење чиј домаќин е градот Загреб (Република Хрватска), денес Конгрес одржа Светската Боречка Федерација (UWW). На конгресот на кој присуствуваа претставници од сите членки на федерацијата  забележително беше и присуството на Претседателот на Боречка Федерација на Македонија Дејан Богданов и Секретарката на Федерацијата Драгана Савева. Се разговараше за апликациите…

ГОСТИТЕ ШТО ДЕНЕС ВИКЕНДОТ ГО ПОМИНАА НА „ПОНИКВА“ „УЖИВАА“ ВО ГЛЕТКАТА ОКОЛУ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

Големиот празник Велигден голем број на туристи го искористија да заминат на „Пониква“ и да поминат еден убав ден. Како што ни јавува наш читател кој додека слегувал од Пониква се разминал со повеќе возила  сигурно сите тие „уживале“ во глетката што ја имале кога помилувале кај Градската депонија. „Денес додека се враќав од Пониква…

ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – КОЧАНИ ДОНИРАШЕ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА ПЕТ СЕМЕЈСТВА ОД СЕЛО ТРКАЊЕ

Како што објави порталот с. Тркање, денес директорот на ООУ „Никола Карев“ од Кочани Александар Андов по повод Велигденските празници донираше пет хуманитарни пакети за пет семејства од село Тркање. Во соработка со Претседателката на Месна заедница на село Тркање Латинка Постолова пакетите беа доделени на семејства на кои и те како им беа потребни….