All Posts By Славчо Ивановски

СО ПОЛОЖУВАЊЕ НА СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗАПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 7. И 8. СЕПТЕМВРИ

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, в.д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ како и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на бистите на Љупчо…

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ВЛАДИМИР ГРЧЕВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ПО ИНФОРМАТИКА

В.д градоначалникот Венко Крстевски оствари прием на талентираниот информатичар Владимир Грчев којшто во конкуренција од 96 натпреварувачи од цела Европа се закити со златен медал на Европската олимпијада по информатика одржана во Шумен, Република Бугарија. Талентираниот млад кочанчанец Владимир кој веќе има освоено бројни награди од национални и меѓународни натпревари по математика и информатика, уште…

ТРЕТА СЕДМИЦА НЕ СЕ СОБИРА СМЕТОТ НА УЛИЦАТА „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО КОЧАНИ

Жителите од улицата „Кирил и Методиј“ во Кочани се пожалија дека еве веќе трета седмица како надлежните служби од КЈП „Водовод“ не гобираат сметот на нивната улица. На нивно барање ја посетивме улицата и се уверивме во веродостојноста на нивните изјаву, пред секоја врата смет, на тротоарите, смет, пред скалите кон „Споменикот на слободата“ смет…

ЗАПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ

Со свечен прием и приредба, денес започна учебната година и за учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани. Годинава во кочанското музичко училиште тргнаа 25 првачиња од кои 12 во деветгодишно и 13 ученици во шестгодишно образование. Во присуство на наставниците, родителите и в.д. градоначалникот Венко Крстевски, првачињата се запознаа со наставниот кадар, а училиштето…

РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНИРАЊЕ НА АСФАЛТНИ ОШТЕТЕНИ ПОВРШИНИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО ОПШТИНАТА

Во текот на изминатиот период градежна механизација работеше на реконструкција, санација и асфалтирање на повеќе улици во градот. Беа санирани оштетени асфалтни површини на улиците „Душан Петровски“, „Пере Тошев“,„Љупчо Сантов“, „Стамен Манов, „Индустриска“, „Страшо Ербапче“, „Охридска“, „1-ви Мај“, „Бел Камен“ во Кочани, како и улицата „Маршал Тито“ во с. Долни Подлог. Вкупната санирана асфалтна површина…

ЌЕ ЈА ПОВТОРАТ ЛИ ПАРТИИТЕ ГРЕШКАТА СО ЛИСТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ?

Во понеделникот до полноќ Независните кандидати за градоначалници и Независните листи за советници се поднесоа до ДИК и тоа е завршена работа. Сега на потег остануваат партиите кои треба листите да ги достават најдоцна до 13 Септември. Но како што стојат работите тоа правење на листите нема да оди лесно бидејќи членовите на најголемите партии…

ПРОГРАМСКИ СОДРЖИНИ ПО ПОВОД 7 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА КОЧАНИ

По повод 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани, Општина Кочани во текот на претстојниот викенд организира програмски содржини. На 7 септември на Споменикот на слободата во Кочани ќе настапи музичката ѕвезда Владо Јаневски. Концертот ќе се одржи со почеток во 21 часот. На 5 септември, со почеток во 12 часот во Мултикултурниот центар…

ЗОРАН ТОДОРОВ ПОДНЕСЕ НЕЗАВИСНА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Официјално дознаваме дека Зоран Тодоров пред еден час поднесе независна кандидатура за Градоначалник на Општина Кочани на претстојните Локални избори кои се закажани за 19 Октомври оваа година. Зоран Тодоров е роден 1978 година во Кочани. економист, инаку  долги години е гараѓански активист, основач е на здружението „Ротари Кочани-Виница“, „Воскресение“ и „Одбор за здрав живот“….

СТАНУВА ИНТЕРЕСНО, КОЧАНИ СО ДВЕ А МОЖЕБИ И СО ТРИ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ ЗА СОВЕТНИЦИ

Како се ближи крајниот рок за поднесување на Независни листи за Советници за во Советот во Општина Кочани, во Кочани станува се поинтересно. Законскиот рок за поднесување на Независните листи е до вечерва (Понеделник) до 00:00 часот, а во Кочани освен двете Независни листи за Советници се појави и трета. Со ова станува се поинтересно…

ОПШТИНСКИОТ ДОЛГ НАМАЛЕН ЗА НАД 25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

На денот кога в.д. градоначалникот Венко Крстевски ја презеде функцијата, на 16 април 2025 година, Општината се соочуваше со финансиски товар од 40.927.040 денари. Денес, на 1 септември 2025 година, обврските се намалени на 15.848.796 денари, што претставува значително олеснување за општинскиот буџет. Овој резултат е постигнат преку внимателно планирање, рационално користење на средствата и…