All Posts By Славчо Ивановски

ЗАПОЧНУВА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ПРВЕНСТВОТО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Утре (Сабота), со почеток во 14:00 часот стартуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига, На програмата се натпреварите од 16-тото коло во кое „Осогово“ на стадионот во селото Врапчиште му гостува на есенскиот шампион „Беса“. Домаќинот важи за голем фаворит што не значи дека бодовите му се загарантирани, особено по последниот настап на „жетварите“ на генералката…

ОДРЖАНО РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ОФС КОЧАНИ

Вечерва во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани се одржа редовното годишно собрание на ОФС Кочани. На собранието од вкупно 20 делегати со право на глас присуствуваа 18. Присутните делегати дебатираа по осум точки од дневниот ред: Усвојување на дневниот ред, Поздравен говор и отворање на Собранието, Усвојување на Деловникот за работа на Собранието, Избор…

ЗОРАН НИКОЛОВ, ЧЛЕН НА ПСК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ ГО ОСВОИ ВРВОТ „АКОНКАГВА“ 6962 МЕТРИ

Честитки и големо браво за нашиот член Зоран Николов кој денеска го искачи највисокиот врв на Американскиот континент врвот АКОНКАГВА со 6962 мнв и со овоа големо достигнување го оправдуваме изборот за најдобар клуб во Општина Кочани и уште еднаш потврдуваме за најуспешен и најдобар клуб на истокот од земјата со врвни високогорски достигнувања. Аклиматизацијата…

ЛОЗАРИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА ПРАЗНИКОТ „СВЕТИ ТРИФУН“, ЗАШТИТНИКОТ НА ЛОЗЈАТА

Традицијата продолжува. Денес лозарите го одбележаа својот голем празник „Свети Трифун“ заштитникот на лозјата. Уште во претпладневните часови семејствата што имаат лозја во придружба на најблиски како и на голем број пријатели се упатија кон своите лозови насади за да уште еднаш со закројување на лозите си посакаат богат род. Додека домаќините кои традицијата ја…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА ЧЕШИНОВО СО ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ

Две лица го загубиле  животот а петмина се повредени по тешката сообраќајна несреќа што денес се случи на експресниот пат Штип-Кочани кај клучката во близина на селото Чешиново. Во несреќата која се случила петнаесетина минути пред 13 часот учествувале три патнички моторни возила. Според очевидци глетката по несреќата изгледала стравотно. С.  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА …

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ: ДАЛИ ОВА Е АВТО ПЛАЦ ИЛИ БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР?

Веке подолг период околу десетина нерегистрирани возила се паркирани на бесплатниот паркинг на ул.” Стево Теодосиевски” и заземаат простор. На истата улица на самиот булевар доколку се паркирате следи казна од околу 50€. Доколку најдете слободно паркинг место во градот за 1ч. се наплатува 20ден., во спротивно следи блокатор. Сите знаеме колкав метеж е во…

СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ХОТЕЛ „CITY IN“ НА МЕЃУНАРДОНИОТ ГАСТРО ФЕСТИВАЛ

Иван Велков и Иван Величков како претставници на Хотел City IN од Кочани изминатата седмица (07-09.02.2024 година) учествуваа на „Dubrovnik Royal Gourmet“, прв меѓународен гастро фестивал и меѓународен натпревар на кувари, келнери и бармени, организиран од Skmer Acmer. Претстабиците од Хотел City IN се натпреваруваа во две категории: – chef’s table – тимски натпревар во…

ЗАПОЧНА ОБУКАТА ОД НОВИОТ ЦКА-ПХВ ЦИКЛУС НА „ЦРВЕН КРСТ“ – КОЧАНИ

Во Кочани започнаа обуките од проектот Црвен крст во акција – промоција на хумани вредноти (ЦКА-ПХВ), на локално ниво имплементиран од Општинската организација на Црвен крст – Кочани. Проектот опфаќа обука на 30 младинци од основните и средни училишта од општината, кои ќе добијат знаења за изработка на мали проекти за помош на социјално загрозени…

СООПШТЕНИЕ НА КЈП „ВОДОВОД“: ЛОКАЦИЈАТА КАДЕ СЕ ИСФРЛА СМЕТОТ НА СРЦ „ПОНИКВА“ Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Локацијата СРЦ “Пониква” е во надлежност на Општина Пробиштип. Истата нема преземено никакви активности за комунално оддржување и чистење на наведената локација до сега. На барање на Општина Кочани со минимален финансиски надомест со оваа обврска е задолжен КЈП “Водовод” кој еднаш седмично врши редовно чистење и санирање на отпадот кој е депониран таму. За…

ДВЕ ВОЗИЛА СЕ ЗАПАЛИЛЕ НА ДВЕ УЛИЦИ, ИЗБУВНАЛ ПОЖАР ВО „ОПЕЛ ВЕКТРА“ И „ОПЕЛ АСТРА“

На 12.02.2024 во 05.35 часот во СВР Штип, Е.М.(25) од Кочани пријавил дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани настанал пожар на неговото патничко моторно возило „опел вектра“. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани. На 12.02.22024 во 11.39 часот во СВР Штип, М.С.(33) од Кочани пријавил…