All Posts By Славчо Ивановски

ОДРЖАН ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЧАДЕЊЕТО НА ДЕПОНИЈАТА И ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

Поголема група жители на Кочани и околните места денес излегоа на мирен протест кој имаше за цел да се сврте вниманието на надлежните поради енормното испуштање чад од Градската депонија и поради загадувањето на воздухот. Пред присутните зборуваше Марио Паунов граѓански активист од Кочани и главен иницијатор за одржувањето на овој протест Во своето обраќање…

НОВИНАРОТ ТОНИ АЈТОВСКИ – НАГРАДЕН ОД МППС ЗА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ ВО ИТАЛИЈА

Македонската платформа против сиромаштијата, синоќа во Скопје ги додели наградите на новинарите, кои по објавениот конкурс, со своите истражувачки стории го понесоа епитетот „Гласник на невидливите“. Награда за општествено посветен новинар што внимава да не гради стереотипи и не се води од сензационализам доби Тони Ајтовски, за истражувачката сторија „Македонските печалбари во Италија, не можат…

ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОБЛЕШЕВО

Крајот на учебната година во ООУ Климент Охридски –Облешево денес одбележана пригодно со доделување на свидетелства , пофалници и награди за најуспешните. Класните раководители на полуматурантите им посакаа да  одберат средно училиште според своите постигања и таленти. Директорот на училиштето Јорданче Костадинов на генерацијата 2015-2024г. им се заблагодари на учениците кои со своето 9 годишно…

ПЛАНИНСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА „МАНДАНАТА 2024“

В недела, на 23 јуни, Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани ќе ја реализира првата планинска велосипедска тура „Манданата 2024“. Поаѓањето е од манастирот „Свети Илија“ во селото Бочвенец, во 9:30 ч. Од стартот ќе се вози кон селото Крушка, по сртот на Качаник и Д’лги Дол. Потоа патеката се спушта во Бела…

ПРОЛОНГИРАН РОКОТ ЗА ПРИЈАВИ НА ЕКИПИ ЗА „ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР“

Општина Кочани, која и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување учество на фудбалските екипи, до 24 јуни 2024 година. Екипите треба да уплатат котизација во износ од 2 000 денари на жиро-сметката на ОФС Кочани (210041087870107), да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети…

КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

Ја известуваме јавноста дека започнувајќи од денес 18.06.2024 година (вторник), Градската депонија ќе биде отворена секој ден од 07 до 16 часот. После 16 часот депонијата ќе биде затворена и ќе биде забранет влез за сите неовластени лица. Исто така ја информираме јавноста дека при извршената контрола денеска во 18 часот, пред влезот на Градската…

ЛОКАЛЕН СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ОПШТИНА КОЧАНИ: ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ И ЗАШТИТА НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

Локалниот совет за превенција на Општина Кочани денеска одржа состанок со единствена точка на дневниот ред: Заштита од пожари на подрачјето на општина Кочани и преземање посебни мерки и активности за заштита на Градската депонија во Кочани. Локалниот совет побара од Министерството за животна средина финансиски средства за справување со проблемите со Градската депонија во…

АНЃЕЛА СОКОЛОВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА

На 16.06.2024 година во прекрасниот амбиент на летната тераса на Хотел „Слив“,Ротари Клуб Кочани-Виница го одржа последниот состанок во Ротаријанска 2023-2024 година , кој се одвиваше во фамилијарна атмосфера со присуство на членови на семејствата. Состанокот започна со презентација на претседателот Зафир наков  за активностите, настаните и реализираните проекти за ротаријанска 2023-2024 год. Потоа претседателот…

И ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ УШТЕ НЕ СЕ НАПЛАТУВА ПАРКИРАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Пред десет години на 19-тата седница на Советот на Општина Кочани (30.05.2014 година) меѓу пакетот мерки кои беа донесени да ги плаќаат граѓаните на Општина Кочани со 11 гласови  ЗА  беше донесена и одлуката од 01.Јули.2014 година граѓаните да плаќаат за паркирањето на своите возила. Одлуката беше донесена паркирање да се наплатува за возилата кои…

ВО СРЕДА, ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ ОД ДЕПОНИЈАТА ШТО ГОРИ

Градската депонија кај село Бели со месеци гори, Кочанчани дишаат екстремно загаден воздух збогатен со канцерогени честички. Ова претставува голема опасност по здравјето на сите што живеат во Кочанската котлина и пошироко. Ги повикуваме сите засегнати граѓани да ни се придружат во битката за чист воздух, за чиста и здрава животна околина, за нашите деца…