ПЕТ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА ТУРНИРОТ „ФУНАКОШИ ГИЧИН ОПЕН“
Пет медали освоија каратистите на Карате Клуб „Кочани“ на Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин Опен“ што се одржа во Скопје. Каратистите од Кочани на турнирот се појавија со девет натпреварувачи а на крајот беа освоени 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали. Наталија Карова го освои златниот медал во категоријата „јуниорки“ до 48…
ВТОРО МЕСТО ЗА ЗЛАТКО НИКОЛОВ НА „TRESKAVEC TRAIL“
Со време 02:02:30 Златко Николов, член на КПС (Клуб за планински спортови) „Осоговски орел“ од Кочани го зазеде второто место на „Treskavec Trail“ кој во склоп на „Krali Marko Trails“ се одржа денес во Прилеп. На патеката која беше во должина од 18,980 километри D+ се појавија вкупно 140 натпреварувачи од 9 држави а победата…
„ОСОГОВО“ СОВЛАДАНО И ПОНИЖЕНО ВО ОХРИД
Уште што треба да се случи па да некој си го стави прстот на челото и да слезе во соблекувалната за да го праша комплетниот Стручен штаб и играчкиот кадар, дали случајно знаат чиј светол дрес носат или пак ним им е важно само да истрчаат на теренот, да чекаат први во месецот а кои…
ДЕСЕТКУВАНОТО „ОСОГОВО“ МУ ГОСТУВА НА „ОХРИД“
Второлигашите продолжуваат да играат во забрзан рита. Во Сабота на програмата се натпреварите од 20-тото коло во кое „Осогово“ има тешко гостување на брегот на „Охридското Езеро“. По катастрофалниот настап во минатото коло каде борбената екипа на „Победа“ не дозволи да биде совладана во Кочани, „жетварите“ сега некој бод за спас ќе бараат кај мошне…
ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ОДРЖА „КОНЦЕРТ ЗА НАШИТЕ МАЈКИ“
Под мотото „Концерт за нашите мајки“ а по повод 8-ми Март „Меѓународниот ден на жената“ синоќа во салата на „Мултикултурниот центар“ – Кочани се одржа најавениот концерт. Посетителите кои салата ја исполнија до последното место во една прекрасна атмосфера уживаа со сето она што им го понудија учениците и наставничкиот тим на ООМУ „Ристо Јуруков“….
ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ УПАТИЈА ПОРАКА, ЧЕСТИТ 8. МАРТ
Деновиве во сите објекти на градинката ,,Павлина Велјанова“ се одржаа приредби во чест на празникот на жената. Најубавата честитка дамите ја добија токму од овде……. Само една детска насмевка е доволна да ги стопли срцата на сите мајки, тетки, баби, учителкии. Честит празник дами ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ …
КАМПАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ПРОДОЛЖУВА СО ЧЕСТИТКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица – Кочани денес ја продолжи кампањата за безбедност во сообраќајот, во знакот на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Сообраќајната патрола делеше информативни летоци со пораки за внимателно и безбедно движење и управување на…
ЧЛЕНОВИ НА ОО ЛДП – КОЧАНИ СО ЧЕСТИТКИ ЗА ПРАЗНИКОТ НА ЖЕНАТА
Членови на ОО ЛДП – Кочани со скромни подароци и на пригоден начин го честитаа 8-ми Март „Меѓународниот ден на жената“. На неколку локации во Централното градско подрачје, членови на ОО ЛДП – Кочани на случајни минувачи од понежниот пол на еден убав и достоинствен начин им го честитаа празникот. С. Ивановски КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА …
СООБРАЌАНА НЕСРЕЌА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ А3
Денеска (07.03.2024) во 02.41 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, на место викано „Слатина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Е.Г.(32) од Република Бугарија и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Г.(47) од Виница. Во несреќата со тешки…
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „ЌЕЈ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ ВО ОРИЗАРИ
Во Оризари, од десната страна на Масалница, на потегот од влезот во селото кон црквата „Св. Атанасиј“, се одвиваат градежни активности на улицата „Кеј на револуцијата“. Улицата е долга 600 м, широка 7 м, со тротоари од двете страни. Деновиве се работи на тампонирање на теренот, поставување на тротоарски и улични рабници и на поплочување…
