СО ГОЛ ОД ПЕНАЛ „ОСОГОВО“ СТИГНА ДО ПОСАКУВАНИТЕ БОДОВИ
Се играше 68’ кога домашниот играч Стојче Стојов влета во гостинскиот шеснаесетник каде Нуман Ајетовиќ го фаулираше по што судијата Кирил Смоквоски без размислување покажа на белата точка. Пеналот сигурно го изведе капитенот Тоше Манов кој гостинскиот голман Николче Симоновски го испрати ма левата страна а топката полувисоко заврши во десниот дел од мрежата. Заслужено…
ГФК „ОСОГОВО“ – ПОВИК ДО НАВИВАЧИТЕ
ГФК Осогово утре 30.03.2024 год.со почеток во 15.00 часот ке го одигра натпреварот од 22-то коло каде нашиот тим ке биде домакин на тимот на Новаци. Ве повикуваме во што поголем број да заедно навиваме за нашето Осогово ,со фер и коректно навивање да им дадеме мотивација на нашите фудбалери да повторно се вратат на…
ЕДИНАЕСЕТ МЕДАЛИ ЗА КОЧАНСКИТЕ ОСНОВЦИ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ
Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со Боречката Федерација на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Општина Кочани, Кочани денес во „градот на оризот“ се одржа „Државното првенство во борење за основните училишта во машка и женска конкуренција“. Гледачите кои добро ги исполнија трибината во спортската сала на…
ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА ПАМЕТНИ УРЕДИ ВО УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО КОЧАНИ
Во рамките на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани“, во тек е надградбата на постојните улични кабинети со паметни уреди за управување и мерење на енергијата во системот за јавно осветлување во општина Кочани. „Македонски телеком“ како изведувач на работите, постави паметни уреди во 13 од планираните 69…
КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ЈА СТАРТУВАШЕ РЕКРЕАТИВНАТА ТРКА „ВРАНИНЦИ НА ЗАЈДИСОНЦЕ“
Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани почна нова рекреативна трка под името „Sunset Trail Run“ односно „Вранинци на Зајдисонце“. Таа треба да стане традиционална и ќе се одржува на падините на Осоговските планини. Патеката на која ќе се трча е во должина од околу 12 км а висинската разлика е 550 метри. Старотот…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО КОЧАНИ
По една седмица пауза поради обврските на фудбалските репрезентации на Македонија во Сабота со почеток во 15:00 часот продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. На програмата е 22 коло со кое започнува на некој начин и разврската за опстанок во лигата и за тоа кои екипи ќе се пласираат еден ранг повисоко. Во сабота во…
МИЛЕ ЛЕФКОВ ВО ТРКА ЗА ВТОР МАНДАТ, А ЈОРДАНЧО КОСТАДИНОВ ЗА ПРВ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
Вечерва на седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ беа утврдени и соопштени кандидатските листи во шесте изборни единици. Миле Лефков е кандидат за пратеник во третата изборна единица од ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани, а Јорданчо Костадинов од ОК ВМРО ДПМНЕ – Чешиново-Облешево, каде носител на листата за пратеници е Драган Ковачки. Лефков на…
И ЗМИИТЕ ИЗЛЕГОА НА СОНЦЕ
Наш читател ни испрати две фотографии кои како што пишува денес околу пладне ги направил на „Крушарски мост“. На дел од железната конструкција јасно се гледа змија која очигледно инспирирана од топлото време излегла од своето лежиште. На само неколку метри од местото е платото од „Паркот на револуцијата“ кој денес беше посетен повеќе со…
КАФЕ ДЕ АНАТОЛИА (CAFÉ DE ANATOLIA) ВО ЖИВО ВО „СУЛИ АН“ (СКОПЈЕ), ФУЗИЈА НА МУЗИКА И ИСТОРИЈА
Во хармонична фузија на култура, историја и музика, Кафе Де Анатолиа го претстави својот најнов жив настап, снимен меѓу древните ѕидови на Сули Ан во Стариот базар/чаршија на Скопје. Во соработка со Факултетот за уметности, овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџноон (Majnoon) од Турција, Били Естебан (Billy Esteban), А. Јовевски (Aleksandar Jovevski) и…
КАМПАЊА, ОДГОВОРНО И СОВЕСНО ПАРКИРАЊЕ
Неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Со цел да даде придонес во сообраќајната едукација и да потсети на почитување на сообраќајните правила и прописи, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани во соработка со Општина Кочани изведе активност под мотото „Одговорно и…
