ЕКИПАТА НА „РЕЧИЦА“ ПО ВТОР ПАТ ГОДИНАВА ПОУСПЕШНА ОД „КОЧАНИ“
Во рамките на 11-тото коло во Прваата Фудбалска Лига за жени, денес екипата на „Речица“ по втор пат годинава го совлада „Кочани“, овој пат 6:1 (1:0). Домаќинките резултатот го отворија во раната фаза од играта. Се играше 7’ кога Антевска ги доведе домаќинките во водство и тоа се покажа како единствен погодок во првото полувреме….
IN MEMORIJAM
Денес фудбалско Кочани загуби уште еден од генерацијата легендарни фудбалери. Денес во 82-рата година од животот почина Гоше Лазаров – Рогче. Постарите љубители на фудбалот посебно симпатизерите и навивачите на „Осогово“ ќе го паметат како еден од легендарните десни бекови кој во седумдесеттите години беше незаменлив играч и главна алка во одбраната. Нашиот Рогче замина,…
НАЈАВА ЗА „САЕМ НА КНИГАТА“
Почитувани, Под мотото „Книгата не спојува – ние читеме – читајте и вие“, на 15 ноември ќе биде отворен 19. САЕМ НА КНИГА. Саемот ќе биде трае од 10 до 15 ноември од 10 до 18 часот. На отворањето ќе биде претставен младиот родноктаен автор, Благој Стојков. Ќе се запознаеме со авторот и неговото творештво…
„ОСОГОВО“ ЈА РАЗМОНТИРА „ПОБЕДА“ НА НАЈСИТНИ ДЕЛОВИ
Во еден од поефикасните натпревари во второлигашката конкуренција, денес во Кочани во рамките на 11-тото коло „Осогово“ ја совлада „Победа“ од Прилеп со 6:0 (3:0). Уште на самиот старт на натпреварот се виде дека гостите се определија на чување на почетниот резултат без некаква амбиција да се подотворат и да напаѓаат кон голот на домаќините….
ПРИЈАВА ДЕКА ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ МАЛОЛЕТНИЧКА БИЛА ДОПИРАНА ПО ТЕЛОТО ОД ДРУГ МАЛОЛЕТНИК
На 03.11.2025 во 21:00 часот во Полициската станица Кочани, 36-годишник од Кочани пријавил дека во средно училиште во Кочани во кое учела, неговата 16-годишна ќерка била допирана по телото од друг малолетник од Кочани. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Соопштение на СВР Штип КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И …
УТРЕ (ВТОРНИК) ВОНРЕДНО КОЛО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА
За утре (Вторник) со почеток во 13:30 часот закажани се натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ ја пречекува „Победа“ (Прилеп) во натпревар во кој победата е императив за „жетварите“. Кочанчани засега се во сигурната зона но со новата победа ќе се искачат неколку скалила погоре на табелата а и ќе имаат мирна…
КЈП „ВОДОВОД“, УТРЕ ПОВЕЌЕЧАСОВЕН ПРЕКИН СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО
Почитувани, Поради дефект и детално испитување на водоводната мрежа , корисниците од улиците, ,Д-р Николиќ, Илинденска, горниот дел од Маршал Тито, Цар Самуил, Гоце Делчев, Осоговска, Х.Карпош, А. Македонски ќе останат без водоснабдување утре 04.11.2025 год. од 8:00 до 14:00 часот Ви благодариме на разбирањето! КЈП „Водовод“ – Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ …
Д-Р ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Д-р Владко Грозданов е новиот Градоначалник на Општина Кочани. Тој во вториот круг на годинешните Локални избори доби 1.454 гласови повеќе од неговиот против кандидат Венко Крстевски. По објавувањето на конечните резултати д-р Владко Крстевски им се заблагодари на сите оние кои ја подржаа неговата програма, додека неговиот против кандидат Венко Крстевски по објавените резултати…
ДОБАР УЛОВ НА МЕДАЛИ НА БРЕГОТ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“
Во организација на Карате Федерацијата на Македонија а со техничка организација на Карате Клуб „Дојран“ во саботата на градот на брегот од Дојранското Езеро се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Дојран Опен 2025“. Карате Клуб „Кочани“ – Кочани на турнирот учествувашесо 15 натпреварувачи во повеќе категории, сите во борби (кумите). Освоени се 24 медали а…
НОВ ПОРАЗ ЗА „ОСОГОВО“ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ТЕТОВО
Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига а екипата на „Осогово“ и овој пат на гостувањето во Тетово против домаќинот „Тетекс“ доживеа пораз од 0:3 (0:2). Не се прослави одбраната на „жетварите“ која повеќе изгледаше порозна отколку цврста, трите погодока кои домаќините ги постигнаа преку Азис Јамини (33’42’) и Славчо Мисајловски (53’)…
