ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ, ФЕВРУАРСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна февруарска крводарителска акција наменета за граѓанството. На акцијата крв даруваа 46 крводарители од нив 3…
РЕКОНСТРУИРАНОТО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ КОЧАНИ, ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА
Реконструираното фудбалско игралиште во дворот на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, денес со мала свеченост беше пуштено во употреба. Честа да го пуштат во употреба игралиштето од кое најголемиот бенефит ќе го имаат учениците ја имаа Министерот за спорт на Република Македонија Борко Ристовски и Директорот на ООУ „Никола Карев„ Александар Андов. По сечењето на…
ЗАВРШНИЦА НА ПРОЕКТОТ „ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ВРЕДНОСТ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА“
Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 и Општина Кочани денеска организираа завршен настан во рамките на проектот „Истражување на јавната вредност на технологијата – случај на дигиталната платформа мЗаедница“. Во присуство на граѓани, младинци, претставници на јавната администрација и на Институтот за европски политики од Скопје беа презентирани резултатите од спроведениот проект, од унапредувањето на…
РЕАКЦИЈА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“
Жители од горниот крак на улицата „Илинденска“ во Кочани испратија допис и фотографии преку кои реагираат на нееднаквиот однос на надлежните од Општина Кочани кон нивниот проблем кој еве се провлекува неколку години. Во реакцијата стои: „Ве молиме да го објавите нашиот допис и да ги приложите само еден дел од фотографиите кои ги поседуваме…
ТРОЈЦА СТАРЕШИНИ ОД ИО „ЛАСТОВИЦА“ УЧЕСТВУВАА НА „XI БРЏАНСЈИ СРЕДБИ“
Во периодот од 20.02-23.02.2025 година, во Мостар (Босна и Херцеговина) се организираше средба под мотото „XI Брџански средби“, на кој зедоа учество претставници од извидничките сојузи од Југоисточна Европа. Делегацијата од Сојузот на извидници на Македонија беше во состав од триесет старешини од неколку градови од Македонија меѓу кои и тројца старешини од ИО „Ластовица…
ИО „ЛАСТОВИЦА“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ПРОСЛАВАТА НА „СВЕТСКИОТ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИТЕ“
Во саботата ( 22.02.2025 година) ИО „Ластовица“ зеде учество на централната прослава за одбележување на „Светскиот ден на извидниците“, која оваа година се одржа во Св,Николе. На настанот нашиот одред го претставуваа група од 40 извидници, двајца водачи и двајца старешини. На самиот настан имаше повеќе од 500 деца и млади од повеќе од 10…
ЧЕТВОРИЦА БОРАЧИ НА „СПАРТАК“ НА НЕКОЛКУДНЕВНИ ПОДГОТОВКИ ВО СОФИЈА
Членовите на БК „Спартак“ од Кочани, Даријан Павлев, Јован Илиев, Филип Ангелов и Павел Темелков во придружба на тренерот Гоце Ангелов заминаа на неколкудневни подготовки во Софија (република Бугарија). Подготовките кои се од големо значење пред престојаните државни натпревари борачите на „Спартак“ ќе ги одработат заедно со борачите од „левски“ – Софија. Подготовките се со…
УЧЕНИЦИ ОД КРИЖЕВЦИ ЗИМУВААТ НА ПОНИКВА
Во рамките на соработката меѓу двата збратимени града Кочани и Крижевци, осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модец“ од Крижевци, Република Хрватска, престојуваат на Пониква. Основците придружени од директорот на училиштето Томислав Богдановиќ и наставничката Сузана Балиќ, велат дека уживаат во убавините на Осоговските Планини. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети гостите кои…
ВО СРЕДА 50-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
В среда, 26 февруари 2025 година, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 59. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки: Давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани Програми за изведување ученички екскурзии и други слободни ученички активности во ООУ „Малина…
ОГРАБЕНА ЗЛАТАРА ВО КОЧАНИ
Денеска (23.02.2025) во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот….
