All Posts By Славчо Ивановски

ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ОД КОЧАНСКИТЕ УЧИЛИШТА ЛЕТУВАА НА ХРВАТСКИОТ ОСТРОВ ПАГ

Првенците на генерацијата од кочанските основни училишта седум дена летуваа на хрватскиот остров Паг. Ова е награда за постигнатите успеси во школувањето, а летувањето на Паг е обезбедено од Општина Кочани и претставува резултат на повеќегодишната соработка со збратимената Општина Крижевци. Според информациите на Аника Илијевска Георгиева, придружба на учениците од Општина Кочани, патувањето и…

ПОЖАР КАЈ СПОМЕН ДОМОТ „АСНОМ“

Вечерва околу 21:30 часот избувна голем пошар на јужната страна од Спомен Домот „АСНОМ“ во Кочани. Најпрви помеѓу „АСНОМ“ и околните куќи почна да гори сувата трева, а откако пожарот се зголеми се запалија и боровите дрвја кои ги има на оваа локација.   Територијалната Против Пожарна Единица – од Кочани како и доброволци од…

НА 8. АВГУСТ ВО КОЧАНСКО – ТРЕТО ПРСКАЊЕ ОД ЗЕМЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

В четврток, 8 август во вечерните часови (од 20 ч.), во Кочанско ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци. Во третата фаза од запрашувањето од земја ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе го изведе стручна екипа…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ЗА ОПШТА НАДЛЕЖНОСТ – КОЧАНИ

Поради високите температури низ цела држава се зголемува и опасноста од избувнување пожари на отворен простор, пред сѐ во планинските предели, па така на подрачјето  што го покрива Полициската станица од општа надлежност – Кочани, има зголемена појава на пожари. Полициската станица од општа надлежност – Кочани апелира до граѓаните од општините на подрачјето на…

„ОСОГОВО“ ЈА ОТВОРА СЕЗОНАТА ПРОТИВ „ВАРДАР“ – НЕГОРИНО ВО КОЧАНИ

Денес во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија беше извршено жребувањето на двојќите во Втората Фудбалска Лига. Натпреварите се закажани за закажани за 17-ти август а според жрепката „Осогово“ во првото коло ќе ја пречека екипата на „Вардар“ од Неготино. Двојки за првото коло во Втората Фудбалска Лига: Осогово – Вардар (Неготино) Скопје – Вардарски…

ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ РУИНИРА „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

При денешната посета на „Паркот на револуцијата“ во Кочани поради положувањето на цвеќе на споменикот на Никола карев и пред бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче една грда слика го сврте нашето внимание. Немал си некој попаметна работа решил да ги оштети новите плочки поставени пред само четири години. Што му сметале па се…

ПО ПОВОД ИЛИНДЕН – СВЕЖО ЦВЕЌЕ И ПОЧИТ КОН ЖРТВИТЕ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА

По повод Денот на Републиката – Илинден,  градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов  со членови од Советот на Општината, делегации од Сојузот на Здружението на борците од НОВ и локални ограноци на политички партии положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, споменикот на Никола Карев и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во…

ЛЕВИЦА ЛО – КОЧАНИ: ВЕЧНА СЛАВА НА ИЛИНДЕН И АСНОМ

Денес се навршија 121 годинa од првиот и 80 години од вториот Илинден. Со цел да искажеме почит кон жртвите од вековната борба и со ветување дека борбата сѐ уште трае, членови на Левица – ЛО Кочани положија цвеќе на Споменикот на слободата. Вечен да е Илинден! АСНОМ живее! Смрт на фашизмот- слобода на народот!…

„ЖЕТВАРИТЕ“ СЕ ВРАТИЈА ДВА ЧЕКОРИ НАЗАД

Што туку љубителите на фудбалот во Кочани по победата на „Осогово“ против Штипска „Брегалница“ се понадеваа дека „Осогово“ има веќе состав за респект кога денес налетаа на просечната екипа на „Каменица Саса“ од која како домаќини загубија 1:2 (1:0). Ако денес за „рударите“ можеме да кажеме дека се просечна екипа, тогаш „жетварите“ по денешното издание…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ГО ЧЕСТИТА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН

Со посебен пиетет се навраќаме кон херојството на востаниците што ја создадоа Крушевската Република и на втемелувачите на слободната македонска држава од Првото заседание на АСНОМ. Славејќи го Илинден – најголемиот македонски празник, годинава одбележуваме 121 година од славното Илинденско востание и 80 години од Првото Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија. Возвишените илинденски…