All Posts By Славчо Ивановски

ШЕФОТ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „ОСОГОВО“ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ СИ ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА

Само пет дена по почетокот на подготовките за Втората Фудбалска Лига, Шефот на стручниот штаб на „Осогово“ Ефтим Аксентиев си поднесе неотповиклива оставка. На прес конференцијата што ја одржа денес Аксентиев како причина за поднесената оставка акцентот го става лошите услови за работа на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. „Денес одлучив и еве јавно изјавувам…

ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН

Во организација на Општина Кочани, во рамките на програмата за одбележување на празникот Петровден, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа Духовна академија. Пред многубројната публика настапија ученици од класата за традициски инструменти од ОМУ „Ристо Јуруков“ Кочани со нивниот наставник Виктор Постолов. Духовна музика интерпретираа женскиот хор „Света Лидија Македонска“ и машкиот…

ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА СО ЛИКОВИ НА СВЕТИТЕЛИ ОД ХРИСТИЈАНСКАТА РЕЛИГИЈА

Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ е отворена изложбата под наслов „Свети Петар и Павле“, од кочанскиот автор Влатко Анчов. На 90-ина дела изработени на природен материјал, дрво; бука, јасика, јасен и топола, во техника наречена пирографија се претставени светители од христијанската религија:  св. Петар и Павле, Пресвета Богородица, св. Јован Крстител, св. Арганхел Михаил,…

ЛИТИЈА И КРШЕЊЕ НА СЛАВСКИОТ КОЛАЧ ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН

По празничната вечерна богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ на која чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Градскиот парк, по повод Петровден беше организирана литија и осветување на славскиот колач. Празникот Петровден на присутните им го честита митрополитот Брегалнички г. Иларион. „Денеска е пасха и радост за секоја човекољубива и христољубива душа, овој ден Господ…

НОЌНИОТ ЖИВОТ НА МЛАДИТЕ ВО КОЧАНИ

Овие фотографии се од Детското игралиште кое неодамна беше пуштено во употреба а се наоѓа на северната страна во „Паркот на Револуцијата“. Жителите што живеат во непосредна близина на детското игралиште како што истакнуваат во доцните вечерни часови имаат проблем со младите кои го користат за како што истакнаа т,н, изживување. „Не знаеме кому веќе…

СЕ ОФОРМУВА ВТОРИОТ МУРАЛ НА УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

Уметникот Дејвид Стоилковски од Куманово работи на вториот мурал на потпорниот ѕид на ул. „Димитар Влахов“ во Кочани.  Муралот претставува комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за Кочани, во кои доминираат фолклорни елементи, стилизација на оризот како специфична култура за Кочанско и препознатливи објекти од општината. Граѓани коишто минуваат покрај работилницата на отворено, го поздравуваат …

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ОБУКА НА НЕГУВАТЕЛИ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Врз основа на решение за верификација на посебна програма за Негувател/ка за помош и нега на стари лица,  Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Штип, распишува: К О Н К У Р С за обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица Се повикуваат сите заинтересирани лица од Кочани, Чешиново…

ИЗВРШЕН ВТОРИОТ ТРЕТМАН ОД ЗЕМЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ

Утрово, стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје ја спроведе втората  фаза од превентивното, од земја, дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Со дезинсекцијата се опфатени 300 хектари, локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето се изведе со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид …

ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – ФИНАЛЕ: „АУТО ВЕЛТ“ – „ФИЧОБАРБЕР ШЕРИ КАЗИНО“

Вечерва се одиграа полуфиналните натпревари од 21. издание на петровденскиот турнир во мал фудбал по што стана јасно кои екипи ќе играат во големото а кои во малото финале. „Ауто велт“ вечерва ја совлада екипата на „Амфенол“ со 2:1 (2:0), додека во вториот натпревар екипата на „Фичобарбер Шери казино“ со подобра и ефикасна игра особено…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ОПОЖАРУВАЊЕ НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

КЈП “Водовод” изминатите неколку денови заедно со Општина Кочани работи на целосна санација на депонијата. Целта на работните активности кои се одвиваат на депонијата е нејзино доведување во работна нормала со што ќе се овозможи непречено одлагање на отпадот. Но, и покрај огромните напори за целосна санација на депонијата, повторно сме сведоци дека поради неодговорното…