„Сакаме да упатиме голема благодарност до раководителот и персоналот од хируршкото одделени при Општа болница со проширена дејност од Кочани за сето она што го презедоа за време на лекувањето на нашиот татко, свекор и дедо Божидар Андоновски – Бошко“ стои во пораката од семејството Андоновски
Инаку пред три дена по кратко боледување во 91. година од животот не напушти Божидар Андоновски – Бошко, некогашен Претседател на Собранието на Општина Кочани, долгогодишен директор на „Југотутун“ од Кочани и идеен творец на фабриката „Шампињони“, прва од ваков вид на Балканот.
Слава му.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ