БОГОРОДИЧЕН МЛАДИНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР – ПОЧЕСТИТЕ ЗА ЕКИПАТА ОД ОБЛЕШЕВО

август 29, 2023
1 min read

Се одржа традиционалниот 43. Богородичен младински фудбалски турнир на фудбалското игралиште во Долни Подлог. Турнирот траеше од 14 до 28 август, каде учествуваа вкупно 12 фудбалски екипи.

По одигрувањето на големото и малото финале се добија екипите кои најмоногу покажаа. Победничкиот пехар го понесе фудбалската екипа на Облешево, додека второто место и припадна на екипата на Долни Подлог, третопласирана е екипата на Тркање. Освен што им беа врачени пехари на најдобрите три екипи тие добија и ваучери во вредност, за прво место 30.000 денари, 20.000 денари за второ и 10.000 денари за третото место.

 

Освен прогласените најдобри три екипи, беа прогласени и најуспешните поединци. Титулата најдобар  играч му припадна на  Стевче Митев од Облешево, најдобар стрелец на турнирот  е Исак Томишев од Долни Подлог и најмлад играч – Михаил Кокев од Зрновци.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ