БРАНКО БОГАТИНОВ, ГОДИНЕШНАТА АЛФА И ОМЕГА НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

јули 18, 2022
1 min read

Пред неполна седмица заврши годинешниот, дваесетти по ред  Петровденски фудбалски турнир.

На крајот како и секогаш, прогласувањето на најдобрите, но и доделување признанија на сите оние кои помогнаа во неговата реализација.

Иако прогласувањето на најуспешните и оние кои дадоа полн придонес во неговата реализација беа повеќе од заслужено, сепак сакале или не мора посебно признание да му се одаде на човекот кој од првата минута од денот на отворањето па до последната минута на затворањето  беше постојано присутен на заградените терени.

И сега кога се ќе се собере мора да потенцираме дека Бранко Богатинов годинава беше алфа и омега на турнирот.

Секогаш им се наоѓање при рака и на екипите и на судиите но и на гледачите. Богатинов покажа дека кога нешто се сака од срце лесно е да се организира иако една ваква организација не е мала работа.

Оние кои добро го познаваат Бранко Богатинов знаат дека со години е во Фудбалскиот Клуб „Осогово“ и дека таму секогаш дава полн придонес во организирањето на натпреварите, како и  во одржувањето на теренот.

Кога спортските клубови би имале повеќе спортски работници како Бранко Богатинов би биле пресреќни.

Ако не постоеше Бранко Богатинов, ќе мораше да го измислиме.

С. Ивановски