Ова е малата ограда ставена на патеката за инвалидизираните лица, лоцирана во Градскиот Трговски Центар во непосредна близина на детското игралиште.
Оградата е сосема разлабавена а и богами оштетена. Дали некој намерно тоа го направил за д си ја кога ќе му се даде прилика извади и присвои или пак некој „од ноќните птици“ кој е бил во некакво посебно расположение тоа намерно го има направено за да си ги лекува фрустрациите.
Би било досадно доколку и овој пат потенцираме на ваквите фреквентни места се постават камери бидејќи очигледно никој тоа не го засега.
И се додека политиката е пред интересите на сите храѓани, вакви нешта ќе ни се случуваат.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ