ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

август 2, 2022
0 min read

На двојниот македонски празник Илинден, кога се навршуваат 119 години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ, општински и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата, на споменикот на Никола Карев и на бистите на борците Љупчо Сантов и Раде Кратовче, во Паркот на Револуцијата.

Во чест на Илинден почит кон  положените животи за слобода изрази и делегацијата од Сојузот на Здружението на борците од НОВ, која потсети на важноста на одржувањето на македонската  самобитност.

Делегациите упатија честитки до сите граѓани и посакаа Илинден да е вековит.