ОУ „Малина Попиванова“, во соработка со Општина Кочани, Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, со интернет-страницата „Los bandidos.DIY“ и Ротари клубот Кочани-Виница го одбележа 3 Декември – Денот на лицата со попреченост.
Тимот наставници од ОУ „Малина Попиванова“ којшто работи со учениците со попреченост, приреди изложба на новогодишни сувенири изработени од електронски отпад, подготвена од кочанската креативка Наталија. Целта е да се подигне колективната еколошка свест за важноста на рециклирањето и да се развие креативноста кај младата популација.
Изложбата на „Los bandidos.DIY“ беше придружена со новогодишни изработки на учениците, наменети за продажба. Собраните средства ќе бидат наменети за опремување на училишната ресурсна соба за престој и работа на учениците со попреченост.
На настанот по повод Светскиот ден на лицата со попреченост беа изложени најуспешните цртежи и интерпретирани најдобрите литературни творби од распишаниот училиштен конкурс.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ