ДЕСЕТКУВАНОТО „ОСОГОВО“ МУ ГОСТУВА НА „ОХРИД“

март 8, 2024
1 min read

Второлигашите продолжуваат да играат во забрзан рита. Во Сабота на програмата се натпреварите од 20-тото коло во кое „Осогово“ има тешко гостување на брегот на „Охридското Езеро“.

По катастрофалниот настап во минатото коло каде борбената екипа на „Победа“ не дозволи да биде совладана во Кочани, „жетварите“ сега некој бод за спас ќе бараат кај мошне добрата екипа на „Охрид“. Во минатото коло „Осогово“ не само што остана без останатите два бода, туку остана и без неколку првотимци кои поради црвен и жолти картони немаат право на настап на утрешниот натпревар. Драган Паунов поради директниот црвен картон доби суспензија, додека Тоше Манов и Никола Стоиловски го добија и петтиот жолт картон па нема да му бидат на располагање на Шефот на Стручниот штаб Добринко Илиевски.

Двојки за 20-тото коло:

„Охрид“ – „Осогово“

„Победа“ – „Беласица“

„Башкими“ – „Новаци“

„Тетекс“ – „Каменица Саса“

„Беса“ – „Детонит Плачковица“

„Пелистер“ – „Кожуф“

„Аресими“ – „Караорман“

„Скопје“ – „Вардар“ (Н)

Натпреварите започнуваат во 14:00 часот.

С  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ