ДОМАШНИТЕ НАВИКИ ТЕШКО СЕ ИСКОРЕНУВААТ

декември 8, 2022
1 min read

Кога пред повеќе од месец дена објавивме за нерационалното користење на контејнерите кај двете згради во „Недопирливи“ реакциите одеа од крајност до крајност.

Иритирани од коментарите дека прво биле исчистени контејнерите па потоа биле направени фотографиите, пред малку добивме фотографии од вработените од КЈП „Водовод“ од кои се е јасно.

Контејнерите празни или полупразни а наоколу ќеси пони со смет колку сакаш.

Очигледно дека домашните навики кај некои наши сограѓани тешко се искоренуваат.

С. Ивановски