ДОНИРАНО ПРОТИВПОЖАРНО ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО

декември 30, 2021
1 min read

Денеска во кругот на Противпожарната територијална единица – Кочани беше примана донацијата на противпожарното теренско возило, како донација во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се спроведува од страна на Програмата за развој на обединетите нации – UNDP со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC.

„Во оваа прилика изразувам благодарност во името на територијалната противпожарната единица, во името на Општина Кочани и во името на граѓаните на Општина Кочани, затоа што ќе имаме можност да користиме едно современо возило со сите перформанси, со многу можности за брза интервенција“ истакна градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Како обврска на општината ќе биде да го опреми со дополнителна противпожарна опрема во делот на резервоари и пумпа кои ќе се користат за соодветните интервенции.

„Возилото е специјално теренско возило, се надеваме дека ќе ни служи за планински и полски пожари, бидејќи тоа брзо пристигнува и секаде има пристап“ истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Вредноста на донацијата изнесува 1,774,031 денари.

Општина Кочани