ДПСС „ОСОГОВО“ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО УШТЕ СО ЧЕТИРИ ОПШТИНИ

ноември 24, 2022
1 минути

ДПСС „Осогово“ (Доброволна планинска спасителска служба) во текот на изминатите денови потпиша меморандум за соработка со уште четири општини (Кочани, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево и крива Паланка).

По тој повод од ДПСС испратија соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели, Ни преставува особена чест и задоволство да ве информираме дека на ден 23.11.2022 година, помеѓу ДПСС Осогово и градоначалниците Сашко Митовски од општина крива Паланка, Далибор Ангелов општина Чешиново-Облешево, Љупчо Папазов општина Кочани и Димчо Атанасовски општина Македонска Каменицабеше потпишан меморандум за соработка. Време е на Осоговските планини граѓаните и посетителите да имаат квалитетна, брза и ефикасна Планинска спасителна служба“,