По сончево и мошне пријатно време за игра во рамките на 14-тото коло од Втора Фудбалска Лига мошне интересен и неизвесен натпревар одиграа „Осогово“ и „Аресими“.
Гостите водеа до финишот на натпреварот пропуштија неколку поволни прилики за гол во второто полувреме и казната стигна бо финишот од натпреварот кога Драган паиунов постигна вистински евро гол и донесе голема радост и на теренот и на трибините.
Натпреварот започна со мала иницијатива на гостите и веќе во 10’ имаа шанса да го откријат резултатот, но ударот од белата точка кој го изведе Ајрадин Цуцули домашниот голман Ѓорѓи Јованоски со прекрасна интервенција го одбрани. Втората прилика за гол гостите ја имаа во 21“ но Аеѓент Гуфури од само неколку метри биеше над голот на домаќините. И како што обично бива кога не се искористат шансите казната можеше да ги стигне гостите,
Во 22’ по одлично изведениот корнер од левата страна топката ги прелета сите играчи дојде до осамениот Тоше Манов кој биеше од поволна прилика со глава но беше непрецизен. Во 25’ нова шанса за домаќините но Никола Стоиловски од неколку метри лошо ја зафати топката и резултатот остана на почетните 0:0. Во 30’ Лука Георгиев упати удар по земја но гостинскиот голман Вулнет Ислами одлично го одбрани.
Се играче 38% кога гостите поведоа. Играчите на „Аресими“ беа во напад по левата страна, топката докде на аголот од домашниот шеснаесетник до осамениот Емир Асани кој биеше мудро и прецизно и топката заврши во левиот долен агол од домашниот гол.. Тоа беше резултат со кој се замина на одмор
Во второто полувреме многу возбудувања но пред голот на домаќините. Играчите на „Осогово“ напаѓаа како би го израмниле резултатот и оставаа голем празен простор кој гостинските играчи мошне успешно го користеа но за да не го зголемат водството придонесоа одличните одбрани на на домашниот голман (52’ 9 61’). Во 81’ гостите го погодија левиот дирек а во 82’ пречката, и веќе во 87’ казната ги стигна. Драган паунов доби топка на левата страна од теренот појде чекор два и од косо се одлучи на удар а топката како ѓуле заврши во левиот горен агол на немоќниот гостински голман со што беа поставени и конечните 1:1.
Резултати од 15-тото коло:
„Осогово“ – „Аресими“ 1:1
„Охрид“ – „Тетекс“ 2:0
„Башкими“ – „Беса“ 0:3
„Победа“ – „Пелистер“ 0:2
„Беласица“ – „Скопје“ 0:1
„Новаци“ – „Вардар“ (Н) 3:2
„Каменица Саса“ – „Караорман“ 2:2
„Детонит Плачковица“ – „Кожув“ 2:0
Во последното коло „Осогово“ му гостува на „Пелистер“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ