Во салата „Младост“ во Гостивар, во организација на Карате Федерацијата на Македонија се одржа годинешното Државно првенство за деца, кадети, јуниори и У-21.
Двата кочански клуба на првенството се појавија со вкупно пет каратисти, двајца од „Партизан“ и тројца од „Кочани“ кои вкупно освоија два бронзени медала.
„Партизан“ настапи со двајца каратисти. Филип Стојанов во категоријата кадети до 63 килограми во конкуренција на 19 натпреварувачи го освои бронзениот медал, додека Роберто Здравковски во категоријата У-21 до 84 килограми заврши како 5-ти.
Каратистите на „Кочани“ учествуваа со тројца свои претставника од кои Иван Арсов во категоријата кадети +70 килограми ја освои бронзата додека Илија Охомуш и Петар Николов во категорија јуниори останаа без пласман.
Утре (Недела) се плеј-оф натпреварите по кои ќе се знае кои каратисти ќе влезат во составот на Репрезентацијата на Македонија за претстојното Европско Првенство кое во месец Јуни ќе се одржи во Прага (Чешка).
Филип Стојанов од Карате Клуб „Партизан“ ќе се појави на татамите и ќе се обиде да влезе, во репрезентативниот состав.
С. Ивановски